Двајца мртви и еден во критична состојба по пукањето во Лондон

Сподели со своите пријатели

Двајца мажи се убиени, а третиот се бори за живот откако бил застрелан во источниот лондонски кварт Илфорд.

Loading...

Нешто по полноќ во вторникот, полицајците добиле повик за тепачка и наводно пукање на патот Хенли.

Кога полицијата пристигнала на местото на злосторството, пронашла тројца мажи со прострелни рани, пишува Metro.uk

Еден маж, за кој се верува дека е на околу 20-тина години, бил прогласен за мртов на местото на настанот.

Вториот маж починал во текот на ноќта, додека третата жртва, на возраст од 30 години, била пренесена во болница и и понатаму е во критична состојба, според полицијата.

Тамошните полициски службеници известија дека веруваат дека го знаат идентитетот на жртвата која починала на местото на настанот, но работат и на потврдување на идентитетот на другиот маж.

Полицијата сѐ уште не ги уапсила ниту напаѓачот, ниту напаѓачите, а истрагата сѐ уште е во тек.