Два нови случаи во Куманово, 22 во Липково

Сподели со своите пријатели

Центарот за јавно здравје Куманово во изминатото деноноќие регистрира вкупно дваесет и четири нови случаи на коронавирус.

Loading...

Како што информираше директорот на ЦЈЗ Куманово Ариф Љатифи, два од случаите се од Општина Куманово, а 22 од новите позитивни од Општина Липково.

На подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје Куманово, во овој момент активни се 179 случаи, од кои 31 во Куманово, 147 во Липково и еден во Старо Нагоричане.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-131, Куманово-24, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Охрид-1, Гостивар-2, Свети Николе-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти, во: Скопје-12, Штип-1, Тетово-3, Велес-2.

Починаа 5 лица, тројца од Скопје, еден пациент од Гостивар и еден од Прилеп.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72г). Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје- пациентка (60г) примена на 5 јуни, пациент (64г) примен на 8 јуни и пациент (59г) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72г) примен на 30 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3538, бројката на оздравени пациенти е 1682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Кичево е од Скопје, еден е контролен. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

Loading...

• Скопје 1592, активни 960

• Куманово 597, активни 179

• Дебар 53, активни 2

• Штип 227, активни 187

• Прилеп 222, активни 27

• Тетово 317, активни 147

• Струга 111, активни 36

• Велес 149, активни 29

Loading...

• Битола 30, активни 3

• Охрид 46, активни 29

• Кавадарци 6, активни 1

• Гостивар 54, активни 31

• Гевгелија 6, активни 2

• Струмица 7, активни 4

• Крива Паланка 7, активни 1

• Радовиш 4, активни 0

Loading...

• Крушево 3, активни 0

• Кочани 53, активни 22

• Пробиштип 11, активни 9

• Демир Хисар 1, активни 0

• Македонски Брод 2, активни 0

• Пехчево 3, активни 0

Loading...

• Берово 2, активни 1

• Валандово 3, активни 2

• Виница 3, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 3, активни 1

Loading...

• Свети Николе 5, активни 4

• Кичево 3, активни 1

• Ресен 1, активни 1

• Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 971 теста се преку: ИЈЗ –334 , ЦЈЗ Скопје-30, Авицена –136, Биотек -121, Жан Митрев (Филип Втори) –120, Систина со PCR метода –93 и МАНУ -137. Досега во земјата се направени вкупно 40004 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Loading...

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 нови, а вкупно хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 22 нови, а вкупно хоспитализирани 57 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 36 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера

• Чаир-209

• Бутел-76

• Аеродром-75

Loading...

• Гази Баба-75

• Центар-73

• Карпош-72

• Сарај-64

• Кисела Вода-43

Loading...

• Ѓорче Петров-35

• Шуто Оризари-26

• Студеничани-24

• Арачиново-24

• Илинден-19

• Петровец-6

• Чучер Сандево-4

• Сопиште-2

• Странец-2

Leave a Reply