Два милиони евра за реконструкција на училиштето „Киро Бурназ“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со два милиони евра ќе се изврши целосна реконструкција на Државното средно училиште „Киро Бурназ“ кое од минатата година е и Регионален центар за стручно образование.

Loading...

Проектот за реконструкција е финансиран преку Министерството за образование и наука, и како што појасни директорката на училиштето Весна Трајковска, училиштето и помошните објекти ќе добијат целосно нов лик. Градежните активности, појасни таа, се започнати на 1ви февруари.

 

 

– Планирано е да се реконструира баш се, од кровот на главните згради и помошните простории, па до подот. Буквално се. Во моментот бидејќи сѐ уште тече настава, започната е реконструкција од ученичкиот дом и работилници кои се наоѓаат во неговата близина, а во мај месец планираме да отпочнат работи во централната зграда. Реконструкцијата навистина е еден голем инвестициски проект, според архитектонскиот план што го имаме училиштето добива целосно нов изглед, не само училиштето туку и овие помошни згради, изјави директорката Трајковска.

Првично реконструкцијата е предвидено да трае 15 месеци, но поради обемноста на проектот не е исклучена можноста тој рок да биде продолжен.

Паралелно со реконструкција на централната зграда и помошните објекти каде се изведува практичната настава, ќе се набави и најсовремена нова опрема со дополнително 800 до 900 илјади евра.

Loading...

 

 

– За нас како училиште, убаво е училиштето да ни изгледа убаво преку инфраструктурен дел, но најважно ни е што ќе бидеме опремени со современа опрема. Опремата ќе биде во најголем дел за двата профила за кои ќе сме регионален центар, но нема да бидат заборавени другите профили, така да во сосема нов објект ќе биде внесено се ново, рече директорката Трајковска.

Инаку, училиштето од 2019 година ја започна постапката за преминување од општинско во државно средно училиште. Постапката е официјално завршена минатата година, кога освен тоа, оваа училиште стана и Регионален центар за стручно образование и наука за сите општини од Североистокот.

„Киро Бурназ“ е регионален центар за образовниот профил агротехничар и техничар за фитомедицина од земјоделско – ветеринарна струка и профилот прехрамбен техничар од хемиско – технолошка струка.

Ова е трет таков центар во државата, а другите два се наоѓаа во Охрид и Тетово, но за други образовни профили.

Никола Ивановски / Стефан Младеновски

Loading...