Државниот врв положи цвеќе на Спомен Костурница во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со високи почести, владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, по повод Денот на народното востание-11 Октомври, денеска положи свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.

Loading...

Во рамките на владината делегација присутни беа првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и министерот за информатичко општество, Азир Алиу.

Почит оддадоа и претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Армијата, Сојузот на борци, како и делегација на Собранието на Република Северна Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Драгоманце расфрлани летоци, во Крива Паланка делени бонови за гориво

На Спомен- костурницата во Куманово, во чест на паднатите борци, цвеќе положија и бројни делегации, меѓу кои делегација од општината Куманово, претставници од Општински одбор на борците на град Куманово, претставници на дипломатскиот кор, парламентарни политички партии, државни институции, агенции, јавни претпријатија, здруженија и многу други.