Државјани на Албанија, Грузија и Украина приведени на Табановце

Сподели со своите пријатели

Во три оделни случаи вчера биле приведени државјани на Албанија, Грузија и Украина на Граничниот премин Табановце.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, државјанин на Албанија бил приведен со марихуана.

– На 26.11.2023 во 11.50 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Б.(29) од Република Албанија. При контрола во автобус со албански национални ознаки, во кој се превезувал, кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка, велат од МВР.

Грузиецот, па се обидел да премине граница со фалсификувана ерменска возачка дозвола.

– На 26.11.2023 во 13.00 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода С.В.(37) од Грузија, затоа што при извршена контрола и проверка било констатирано дека ерменската возачка дозвола, која ја приложил на увид, била фалсификувана, појаснуваат од полицијата.

Украинецот исто така имал лажна дозвола, но украинска, па и тој бил приведен.

– На 26.11.2023 во 20.00 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.С.(47) од Украина, затоа што при извршена контрола и проверка било констатирано дека украинската возачка дозвола, која ја приложил на увид, била фалсификувана, велат од полицијата.

Сите тројца биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Loading...

Никола Ивановски