ДРАМА ВО МОСКВА: Дрон падна на територијата на градскиот суд

Сподели со своите пријатели

На теренот на градскиот суд во Москва денеска падна дрон, објави рускиот весник „Известија“.

Loading...

На дронот не биле прикачени туѓи предмети, пишува весникот, повикувајќи се на неименуван извор.

Деталите за инцидентот не се јасни, објави Ројтерс.

Вчера во московскиот регион, недалеку од местото каде што се урнал наводниот камиказа дрон биле пронајдени три дронови, јави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на извор од безбедносните сили.

Истиот извор наведува дека сите три летала се помали неозначени квадрокоптери.

Руските власти ги анализираат беспилотните летала за да дознаат повеќе за нивните оператори и потекло.

Во понеделникот камиказа дрон се урна во областа Богород, на околу триесетина километри од предградијата на Москва.

Одредени медиуми идентификуваа дека дронот е од украински дизајн и носи околу 17 килограми експлозив „Це-4“.

Loading...

Според медиумите, еден од трите дронови бил пронајден на околу четири километри од падот на дронот камиказа.

Медиумите посочуваат дека уредот го пронашла жена која го поставила дронот на столб за полицијата полесно да го пронајде.

Во дронот немаше мемориска картичка.