Дожд, грмежи и невреме за утрешниот празник

Сподели со своите пријатели

Денес попладне и во вечерите часови, под влијание на нестабилна воздушна маса која се спушта од северозапад, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја, но и во северните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре нестабилната воздушна маса ќе се наоѓа над нашето подрачје, па така во пладневните и попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во вечерните часови времето ќе се стабилизира. Дневната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени.

Во среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Дневната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. Потоа времето ќе биде стабилно и потопло.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, препорачуваат од УХМР.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.