Доколку го правите ова во спалната соба, големи се шансите да добиете астма

Сподели со своите пријатели

Редовното менување на постелнината е прашање на хигиена и нешто што се подразбира, но бројни студии покажуваат дека има луѓе кои не ја менуваат постелнината цели пет недели!

Loading...

Оваа навика не само што е одвратна, туку е и потенцијално опасна по здравјето.

– Просечен возрасен човек фрла околу грам и половина од клетките на кожата во текот на денот, а со оглед на тоа колку време поминуваме во кревет, голема количина од тоа останува на постелнината. Овие кожни остатоци привлекуваат грини, една од најчестите причини за астма и алергиски реакции, вклучувајќи кашлање, течење на носот, кивање, чешање на очите, носот, кожата. Идеалната температура за грините е помеѓу 15 и 21 Целзиусов степен, што е и препорачана температура за спиење – вели експертот за спиење Ејприл Мејер.

 

 

Со други зборови, постелнината е идеално место за грини, а за да не влијае на вашето здравје, Мејер вели дека постелнината треба да ја менувате еднаш неделно, а ако спиете сами еднаш на две недели.

– Доколку не ја менувате редовно постелнината, ќе спиете во нечиста постелнина полна со алергени, што може да предизвика кашлица, кивање, течење на носот, чешање на кожата. Повеќе грини исто така може да предизвикаат астма и напади на астма. Исто така, поради ноќното потење се зголемува влажноста во просторијата, што ја прави идеално место за бактерии и габи, што потенцијално ги влошува алергиските реакции – предупреди Мејер.

Loading...

 

 

За да бидете сигурни дека вашата постелнина е добро измиена, треба да ја измиете на една од програмите што користат топла вода, што значи не под 60 степени.

Доколку од која било причина ја миете постелнината на пониски температури, тогаш би било добро да ја испеглате, за на овој начин да ја „дезинфицирате“.