Добил голема сума пари на лото, а потоа судбината му го уништила животот

Сподели со своите пријатели

Еден корисник на Редит тврди дека добил лотарија од речиси 5 милиони евра, но откако признал дека нема да ги дели парите, неговото семејство се откажало од него.

Loading...

Тој објасни дека тој и неговата сопруга повремено купувале ливчиња поради забава  и дека немале поим дека ќе ја добијат оваа неверојатна победа, но имале невидена среќа.

– Откако ги подмиривме сите долгови (студентски, хипотека за куќа, кредит за автомобил) ни останаа уште многу пари. Доколку не знаете, 70 отсто од добитниците на лотарија пропаѓаат по неколку години – напиша тој.

Не сакајќи да ја доживее истата судбина, мажот и неговата сопруга решиле да вложат два милиони во бизнисот, а останатите два да ги искористат за купување стан.

 

 

– Кога им кажав на семејството, помислив дека нивната прва реакција ќе биде возбуда поради мене и дека ќе бидат среќни што сум финансиски одговорен за парите. Но, почнаа да зборуваат за големо семејно патување и како ќе ги отплатам сите долгови што ги имаат – рекол човекот.

Loading...

Тој им објаснил дека пет милиони евра се голема сума, но рекол дека нема да им даде пари, по што му рекле дека не е добредојден во семејството и дека никогаш повеќе не треба да разговара со нив.

Мислењата за Редит се поделени.

– Веќе не си добредојден во семејството затоа што не си ги дал парите? Тоа е страшно – напишал еден корисник.

– Вашето семејство покажа дека крвта не е погуста од парите – коментираат други.