До вторник стабилно и потопло

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Максималните температури ќе се движат во интервал од 23 до 32 степени целзиусови. УВ индексот ќе биде висок со коефициент 7.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе се движи од 15 степени во утринските часови до максимални 31 степен целизусов во текот на денот.

 

Loading...

 

Како што додаваат од УХРМ до вторник времето ќе биде стабилно и потопло.

 

Никола Ивановски