До средината на наредната недела сончево и многу топло

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 20, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ зрачењето ќе биде високо, со коефициент 9.

Под влијание на многу топла воздушна маса до средината на наредната недела времето ќе биде сончево и многу топло, а само во петок ќе има извесно зголемување на облачноста.

Вчера е активирано жолто ниво на целата територија на Македонија, а од денеска и портокалово ниво во Скопското подрачје, долж Повардарието и во источните делови за опасност од високи температури и УВ зрачење, стои во соопштението на УХМР.

Leave a Reply