До петок сончево и многу топло со пораст на дневната температура

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 9.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а температурата ќе биде во интервал од 18 до 32 степени целзиусови.

До петок времето ќе биде сончево и многу топло, со пораст на дневната температура.

 

Loading...

 

Во петок и за време на викендот ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, стои во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи.

 

Никола Ивановски

Leave a Reply