ДНР: 2 цивили загинаа, 19 ранети во украинско гранатирање

Сподели со своите пријатели

Двајца цивили загинаа, а 19 се ранети во претходните 24 часа во украинското гранатирање на самопрогласената Доњецка Народна Република, соопшти денеска Заедничкиот центар за контрола и координација на режимот за прекин на огнот (ЈЧЦ) на самопрогласената ДНР.

Loading...

„Во претходните 24 часа, од 21 август во 08:00 часот до утринава во 08:00 часот, како резултат на украинското гранатирање, двајца цивили загинаа, а 19 се ранети во ДНР“, јави ТАСС.

Соопштено е дека еден цивил е повреден во експлозијата на мина, која ја фрлила украинската армија користејќи повеќе ракетни системи.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.