Дневниот центар за лица со посебни потреби – Куманово доби специјално комби возило (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска го посети Дневниот центар за лица со посебни потреби во Куманово, каде додели специјално комби возило за потребите на Центарот.

Loading...

Градоначалникот Димитриевски потенцираше дека целта на проектот е подобрување на квалитетот на постоечките социјални услуги и создавање на предуслови за пристап кон услугите на поголем број на корисници, со посебно внимание кон ранливи категории на лица од Североисточниот регион.

 

 

– Целта е да се овозможи подобар и поквалитетен транспорт на нашите штитеници во дневниот центар на оваа локација која е под надлежност на Министерството за труд и социјална политика. Чест ми е што и Општина Куманово има можност да излезе во пресрет да додели едно вакво возило на ресорното министерство. Жалам што нема претставници на министерството кои ќе се одважат да го примат возилото, но како и да е, во директен контакт со Центарот го врачуваме оваа возило, изјави Димитриевски.

 

Loading...

 

Возилото е во вредност од 2,1 милиони денари, а слични ќе се доделат и на центрите во Крива Паланка и Кратово.

Оваа активност се спроведува согласнопроектот „Социјална инклузија на корисници на Дневни центри за лица со посебни потреби и подобрување на социјалните услуги преку подобрување на нивниот транспорт” на Североисточен плански регион со Швајцарска агенција за обнова и развој, поддржана од Швајцарска амбасада во РСМ и Министерство за локална самоуправа на Македонија.

 

 

Во рамките на проектот набавени се три специјални комби возила со рампа за Центри за социјални работи со Дневни центри за лица со посебни потреби за Куманово, Кратово и Крива Паланка.

– Ова е награден проект на Центарот за Севеористочниот плански регион како најуспешен центар кои средства ни ги додели Агенцијата за обнова и развој, заедно со Министерството за локална самоуправа, а целиот проект е во проектот Одржлив инклузивен развој кој завршува во септември 2021 година, изјави Владимир Павловски од СИПР.

Loading...

 

 

Целиот проект изнесува 6,3 милиони денари.

Никола Ивановски