Димитриевски во посета на дијаспората во Ешалан, Швајцарија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, заедно со градоначалниците на општините Босилово, Василево, Македонска Каменица и Ново Село, викендов се гости на настанот „Македонскиот ден“ во Ешалан, Швајцарија на покана на Македонското добротворно друштво „Македонија“ – Ешалан.

Loading...

 

 

Во своето излагање, Димитриевски упати огромна благодарност до градоначалникот на општина Ешалан, Серж Борник за гостопримството, порачувајќи дека денеска Ешалан е Македонија во мало.

 

 

Loading...

„Ние Македонците имаме големо срце, голема душа, а денеска се уверив и во зборовите за чесна, голема и силна рака при секој поздрав со вас – почуствував силна, цврста, чесна, работлива македонска рака. Тоа сте вие драги наши. Би сакал да го поздравам претседателот на Македонското друштво „Македонија“ – Ешалан, господинот Никола Мирчев и да се заблагодарам за поканата. Да е живо и здраво со сите негови членови. Ја поздравувам и амбасадорката на Македонија во Берн, Мелехат Муфтаровска којашто иако не смее поинаку, но сепак размислува како нас. Исто така, упатувам благодарност и до моите колеги градоначалници заедно со сите вас. Вечерва да се вее македонско знаме, да се игра македонско оро и да се слуша македонска песна овде во Швајцарија. Воедно, да искористам прилика да ве поздравам од сите мои Кумановки и Кумановчани, до сите вас овде од цела Македонија без разлика дали сте Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби или било која етничка заедница. Ние сме големи луѓе, никогаш на никого му немаме земаме нешто, сите ни барале, а ние го имаме нашето срце и душа за сите. Да сте живи и здрави, чувајте се“, изјави вчеравечер Димитриевски.

 

 

Во рамки на посетата, тој оствари повеќе средби со претставници на македонската дијаспората и локалните власти, ја посети противпожарната станица кадешто им била претставена организациската поставеност и системот на противпожарната заштита, како и противпожарната опрема што се применува во Швајцарија.

 

 

Loading...