Димитриевски: Куманово е единствена општина што побара контрола на работењето од државната ревизија, имаме позитивен ревизорски извештај, одиме напред

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, во вечерашното гостување на телевизија Телма на предизборното соочување со кандидатите за градоначалници информираше дека Куманово е единствена општина којашто побарала од државната ревизија да направи контрола на работењето.

Loading...

„Куманово е единствена општина што сама побара државна ревизија да направи контрола на нашето работење во изминатите четири години. Имаме позитивен државен ревизиски извештај, контрола која траеше траеше три месеци. Општината оди напред. Успеавме да реализираме 400 проекти. Тоа
го доставивме до граѓаните и во градскиот информатор. Нашиот план е во рамки на оваа програма којашто ја имам „За наше Куманово“ во следните 4 години да реализираме најмалку 800 проекти, меѓукои ќе бидат и капитални. Успеавме и сме една од ретките општини, бевме меѓу трите најзадолжени општина, се деблокиравме. Куманово почна да се движи. Од една од трите најзадолжени општини со 11ипол милиони евра долг, го вративме долгот, а денеска имаме 4 милиони евра сопствени средства. Со тие средства Куманово ќе продолжи да се гради, но и редовно да си ги наплатува своите побарувања“, рече Димитриевски.