Димитриевски: Кога гледате дека нешто се трансформирало во истото против што сте се бореле, најмалку што можете е да излезете и да се спротивставите

Сподели со своите пријатели

Актуелниот кандидат за градоначалник и независен кандидат за втор мандат Максим Димитриевски, денеска во гостувањето на Студио 10 на телевизија 24 во однос на случувањата во партијата и кандидирањето како независен кандидат истакна дека концептот е во прашање и дека не се работи за лични амбиции.

Loading...

„Кога учествувате на создавање на нешто, а потоа гледате дека тоа истотосе трансформирало во  нешто сосем исто против што сте се бореле воминатото против еден режим, најмалку што можете  да направите е даизлезете и да се спротивставите на тоа. Јас можеби имав осигурана  партиска кандидатура, но сепак сите случувања години наназад и мојот начин на практикување на власта иако како партиски кандидат, но сепак на прво место се граѓаните, државните, националните интереси не можам да седам слеп пред случувањата кои се случуваа и низ што се помина мојот град, како оној случај со корона кризата што ја прели чашата. Дополнително масло на огинот додаде и изјавите кои беа дадени за БГНЕС во однос на бугарското прашање, кадешто се инсистираше на менување на табли, симнување на фашистичкиот окупатор од таблите, изјавата дека Куманово е ослободено од бугари, а претходно заедно одиме на чествување на 11 Октомври на Куманово каде што држиме говор токму пред коските на паднатите борци од НОБ коишто загинале во таа војна. Јас нема да дозволам од оваа позиција којашто ја имам да се менува историјата ниту на мојот град, ниту на мојата држава. Се чувствувам општествено одговорен, излегов со такви ставови. Факт е дека имаше големи разлики, не помеѓу мене и партијата, туку помеѓу мене и поединци во раководството на партијата“, рече Димитриевски.

Во однос на менувањето на статусот на партијата, Димитриевски потенцираше дека со овој чекор се даде можност со декрет да се поставуваат претседатели на општински организации, истите тие потоа воедни постапки под знак прашање на демократијата избираат делегати на  општински организации, конференции и самиот избор на претседател на партија.

„Премногу се глуми демократија, малку се имплементира и тоа се тие разлики. Инаку, ривалитет не постои. Јас не чувствувам дека има ривалитет, има суштински и концепциски разлики. Едноставно, се побегна од идеолошката матрица и доаѓа до едно големо разочарување на членството, а воедно тоа го гледаме и кај граѓанството. Моја обврска е и оваа иницијатива што ја презедов токму доаѓа од тие членови на партијата, од блиски соработници, од дневните контакти со граѓаните. Морам да кажам дека премногу ситно се игра, се кажуваат едни ставови во јавност и ве фаворизира некој дека цело време сте најдобар, ви оддаваат и јавно признание за тоа како што беше изјавата на премиерот дадена во Куманово дека сум фаворит, а сепак потоа се купува време за да се изнајдат начини на мала врата да се елиминира поединецот. Овде не се работи за мене лично, се работи за една поголема група на луѓе кои сакаат да го вратат СДСМ кадешто припаѓа“, изјави Димитриевски.

За обвинувањата дека самиот Димитривски се исклучил од партијата, тој посочи дека никогаш нема да се самоисклучи.

„Тоа е моја партија, од 1995 година сум се вградил во неа и чекам да јапочнат постапката да го дадам своето образложение. Не е точно тоа декајас сум исклучен од СДСМ и нема да го дозволам, нема да го дозволат ничленовите на партијата. Ќе ги почитувам сите оние статутарни одлуки, нода одиме по статутот. Сега во овој приоритет за мене се граѓаните наКуманово. Излегуваме со еден заеднички концепт, можеме многу повеќе дададеме на Куманово како да се развива како една модерна општина, какошто и тргнавме пред четири години“, изјави Димитриевски.

Димитриевски информираше дека релевантните податоци кои ги има на располагање, кои лично ги има соопштено претседателот на партијата Зоран Заев е дека на последната партиска анкета која што е правена за сите кандидати, тој и останатите кандидати се движат со поддршка од околу 18, 19%, а Димитриевски има 67.3% доверба и овие бројки ги потврдуваат и сите наназад правени анкети кои самиот градоначалник ги има правено во соработка со одредени агенции и организации кои му дале поддршка за да може да реализира такви анкети.

Актуелниот градоначалник Димитривски истакна дека општина Куманово сегае раздолжена општина од долгови над 11ипол милиони евра.

Loading...

„Од владата, добивме 1ипол милион евра, но во тој пример општина Охриддоби 40 милиони евра иако претходно велевме во кампањата дека Македонијаќе му се раздолжи на Куманово. Не видов нешто посериозно да се раздолжи,бидејќи гледаме инвестиции во една Гевгелија гради брана, во Штипавтопатишта, а во Куманово стагнација. Се реконструираат одреденирегионални патишта, додека се уште ни стои автопатот којшто не езаштитен со звучен ѕир и звучен коридор. Во мојот концепт јас го гледамКуманово 2030-2040, јавно говорам ова ќе биде мојот последен мандат какоградоначалник, но планирам да се занимавам со политика, бидејќи сметамдека можам да дадам како индивидуа и како тим на луѓе коишто ги создадовво сите овие изминати години на моето работење“, рече Димитриевски.

Во однос на корупцијата, тој потенцираше дека не  можеме да живееме во држава која константно ќе се менува црно белиот свет и поединци коишто владеат со партиите и ги имаат целосно узурпирани под слоганот на идеологијата ќе ги реализираат личните желби и ќе се организираат, ќе се укрупнуваат, ќе го организираат капиталот, ќе се стекнуваат со уште поголем капитал.

„Под наводници да се борат против корупцијата, а  всушност најкоруптираните ќе се собираат во куп и ќе покажуваат со прст кон најчесните и тие ќе сносат одговорност. А тие кои ќе бидат

најкорумпирани, всушност ќе бидат најголеми борци против корупцијата. Тоа е недозволиво. Не можам да молчам. Ако влезам дома и гледам дека ќерка ми и нејзината генерација на деца гледаат и велат ние својата иднина ќе ја гледаме надвор. Ако разговарам со син ми којшто минатата година стана полнолетен и ми вели пред парламентарните избори дека размислува дали да гласа за мојата партија во која сум член од 1995 година поради тоа што смета дека се прават огромни грешки, тогаш едноставно заклучувате дека ја губите поддршката на јавноста затоа што реализирате погрешни постапки. Не сакам да седам со скрстени раце, едноставно сакам да се обидам, а чувствувам дека ќе успеам заедно со граѓаните да променам нешто“, додаде Димитриевски.