Дезинфицирани и затворени добиточниот и пазарот за стари работи во Куманово, зелените со скратено работно време

Сподели со своите пријатели

Кумановското јавно претпријатие „Пазаришта“ ги информираше граѓаните дека добиточниот пазар и пазарот за стари работи не работат, додека Зелениот пазар и Реонскиот Зелен пазар работат со скратено работно време од 08 до 14 часот, соопштија денеска надлежните.

Loading...

-Во целост ги почитуваме насоките, препораките на Владата, соодветните институции, Министерството за здравство, Агенцијата за храна и ветеринарство кои донесоа одлука за целосна забрана за работа на добиточните пазари, како и препораките на општинскиот кризен штаб- изјави директорот на претпријатието, Илир Саити.

Двата пазари лоцирани на булеварите „Трета Македонска Ударна Бигада“ и „ Октомвриска револуција“ се дезинфицирани, обезбедни се подни средства за дезинфекција. На закупците им се препорачува да носат маски, ракавици, да имаат соодветни гелови за дезинфекција.

На пазарите во Куманово се забележува послаба фрекфенција на луѓе.

МИА

Leave a Reply