Девојки се бркале со возила, па се тепале низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Вистинска бркотница се случувала низ кумановските улици, каде паднала и физичка пресмета помеѓу повеќе лица.

Loading...

– На 17.06.2020 во 01,30 часот во СВР Куманово Д.Ј.(33) и С.М.(18) пријавиле дека околу 23,00 часот додека се возеле со патничко моторно возило “Алфа Ромео“ по ул.“Моша Пијаде“ пред нив застанал моторцикл “Априлиа“ управуван од С.П. а зад него била и А.М. А.М. физички ја нападнала С.М. по што го напуштиле местото на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Подоцна околу 23,10 часот на ул.“Трета Македонско ударна бригада“ застанало возило од кое излегле поголема група на лица меѓу кои и А.М., С.П., А.П., М.М. и физички го нападнале Д.Ј.

Според пријавеното, откако С.М. се обидела да ги раздели, била нападната од А.П..

Се работи на целосно расчистување и документирање на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply