Девојче има поголем IQ од Ајнштајн и Хокинг, боледува од аутизам , а на учишлиште трпи насилство

Сподели со своите пријатели

Девојчето (9) од Мексико има супер висок коефициент на интелигенција, 162 – и овој број ја става малку над познатите научници Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.

Loading...

Адара Перез од Мексико Сити ја тестирала својата интелигенција уште од четиригодишна возраст.

Сега има девет години и студира на два степени: едниот по инженерство на системи на Универсидад ЦНЦИ и другиот за индустриско инженерство по математика на УНИТЕК. И двата се во Мексико.

 

 

– И кога имам девет години, мајка ми не ми дозволи да користам тостер во случај да не ја запалам куќата – рече девојчето.

Своите интереси ги насочи кон Универзитетот во Аризона, каде и беше понудено место да студира астрономија, а сега се свртува кон англискиот јазик, за да може да го оствари својот сон.

Loading...

Адара, на која и бил дијагностициран аутизам кога имала три години, се надева дека еден ден ќе стане астронаут во НАСА.

Пред дијагнозата, малата Адара станала мета на сурови насилници кои ја задевале затоа што била поинаква, пренесува Ладибли.

Според нејзината мајка Налели Санчез, Адара играла во куќата кога децата ја заклучиле внатре. Почнале да и викаат дека е чудна.

 

 

– Почнаа да удираат по куќата, тогаш таа ми рече дека повеќе не сака да оди на училиште, стана депресивна – рече нејзината мајка.

Сепак, токму оваа интеракција открила дека девојчето е генијалец.

Loading...

После настаните на училиште, нејзината мајка ја однела на терапија и таму психијатарот и препорача на Адара да оди во Центарот за грижа за таленти, каде што биле извршени разни тестови за интелигенција, и таа постигна резултат 162.

За споредба, се верува дека Ајнштајн и Хокинг имале 160.

Девојчето завршило средно училиште кога имала само осум години и сега работи на својата диплома преку Интернет.

Како тоа да не било доволно импресивно, девојчето пишува и книга.

 

Leave a Reply