Девет дена по операцијата Папата Франциско ја напушти болницата во Рим

Сподели со своите пријатели

Папата Франциско утрово беше пуштен од болница во Рим, девет дена по операцијата на абдоминална хернија.

Loading...

Папата Франциско (89) ја напушти болницата во инвалидска количка, пренесува Ројтерс.

Папата Франциско беше опериран од абдоминална хернија на 7 јуни.

Како што беше претходно најавено, сите должности на папата до 18 јуни се откажани, но тој сепак треба да ја посети Португалија од 2 до 6 август по повод Меѓународниот ден на младите.

Папата летово треба да ја посети и Монголија, од 31 август до 4 септември.