Десетици исчезнати откако се преврте брод со бегалци

Сподели со своите пријатели

Најмалку 30 лица се водат како исчезнати, додека 17 лица се спасени откако брод со бегалци од Либија се преврте во Средоземното Море по бурно време, соопшти италијанската крајбрежна стража.

Loading...

Во тек е спасувачка операција на италијанската крајбрежна стража, со воздушна поддршка од граничната агенција на Европската унија Фронтекс.

Во потрагата по преживеани се вклучија и трговски бродови кои беа во близина на несреќата, јавува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Либиските власти побараа помош од Италија

Претходно во неделата, хуманитарната организација „Mediterranean Saving Humans“ објави на својот профил на Твитер, повикувајќи се на повеќе извори, дека брод со бегалци што пловел од Либија кон Италија се превртел на 177 километри северозападно од Бенгази.

Откако првиот обид за спасување од трговскиот брод не успеа поради лошите временски услови, либиските власти побараа помош од италијанските власти, велејќи дека немаат средства за да ја спроведат спасувачката операција, се вели во соопштението на италијанската крајбрежна стража.