ДЕРБИ: ЖРК Куманово утре го пречекува ЖРК Ѓорче Петров

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово утре со почеток во 20 часот на домашен терен го пречекуваат составот на ЖРК Ѓорче Петров.

Loading...

Вистинска дерби средба ќе можат да проследат љубителите на ракометот во градот, со оглед дека лидерот на табелата ЖРК Куманово ќе се обиде да ја задржи својата позиција која ја демне составот на ЖРК Ѓоче Петров.

Двата тима од почетокот на првенството по пет натпревари воопшто немаат пораз.

Мечот се игра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“, а од клубот ги повикуваат сите граѓани да им дадат голема поддршка.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат