Депај проговори за причината за неуспешниот трансфер во Барса

Сподели со своите пријатели

Капитенот на Лион, Мемфис Депај ја потврди информацијата дека правилата за ограничување на платата во Ла Лига не му дозволуваа да се пресели во Барселона, иако неговиот трансфер беше подготвен.

Loading...

Договорот меѓу двата клуба за крилото се чинеше практично подготвен, но неможноста на Барселона да се ослободи од услугите на Усман Дембеле се покажа како решавачка за неуспехот на трансферот на Депај.

– Да, трансферот беше прилично блиску. Не треба да навлегувам во детали, но навистина бевме скоро готови. За жал, одредени правила го спречија. Верувам дека сè што се случува во мојот живот има причина. Ако било напишано да се случи, тоа ќе се случи. Морам повторно да се фокусирам на Лион и да бидам важен за тимот. Тогаш ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Никој не може да гледа кон иднината. Ако само ја работам својата работа, интересот ќе остане. Можеби тогаш работите ќе излезат. Но, сега морам да го оставам тоа настрана, рече Депај по синоќешниот натпревар на Холандија.

Влатче Зорба

Leave a Reply