Денеска започнува продажбата на билети за првите четири претстави од „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Билетите за првите четири претстави од Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ ќе бидат пуштени во продажба од денеска од 12:00 часот на билетара во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

Loading...

Поради непредвидливата епидемиолошка ситуација ќе бидат пуштени во продажба билетите за првите четири претстави. Организаторите на овој начин се подготвени и за најлошите можни сценарија, односно воочи играњето на претставата дел од актерите да бидат заболени и претставата да биде откажана.

Фестивалот годинава ќе го отвори Драмски театар Скопје со комедијата „Партија реми“ во понеделник.

 

24. издание на фестивалот „Денови на комедија“ почнува во понеделник

 

Веќе во вторник ќе се игра претставата „Вообразениот болен“ на  Театар Куманово, во среда на репертоар е комедијата „Пасивно пушење“ на штипскиот театар, додека „Боинг, Боинг“ на Градско казалиште Винковци, Република Хрватска ќе се игра в четврток.

Билетите се во ограничен број од околу 200 поради протоколите за заштита од коронавирусот пропишани од здравствените власти и Владата, а кои предвидуваат капацитетот на салата да биде со максимум 30% исполнетост.

Loading...

Билетите за останатите претстави ќе бидат пуштени во продажба на 1 октомври.

Никола Ивановски