Денеска свежо, во следните денови пораст на температурите

Сподели со своите пријатели

Рано утринава ќе има зголемена облачност, а на југостик ќе има повремен дожд. Врнежите попладне ќе престанат, а од север облачноста ќе започне да се намалува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Поради постуден воздух кој ќе се прошири од север преку денот ќе остане свежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а дневната од 11 до 19 степени.

Во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.

Утринските температури и понатаму ќе се задржат од неколку степени над нулата и повисоки.

Leave a Reply