Денеска сончево и топло, од утре температурен шок

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта времето беше ведро, а изутринава сончево и претежно тивко.

Loading...

Сончево и топло со мала до умерена облачност ќе биде времето во текот на денешниот ден, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно и тивко време.

Максималната дневна температура ќе достигне 21 степен.

Веќе утре ќе имаме драстична промена на временската состојба. Наоблачувањето ќе донесе врнежи од дожд и дневниот максимум ќе биде 14 степени.

Во понеделник врнежите ќе бидат поинтензивни, а максималната дневна температура ќе изнесува само четири степени.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply