Денеска продолжуваат врнежите од дожд

Сподели со своите пријатели

Преку ноќта времето беше облачно со локални врнежи од дожд, особено во западните делови.  

Loading...

Изутринава и понатаму преовладува облачно со дожд, освен на крајниот север, каде врнежите се престанати, а облачноста намалена.

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места со врнежи од дожд, особено претпладне, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

На планините над 1800 м.н.в. врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали.

Дневната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за врнежи од дожд.  Максималната дневна температура ќе достигне 10 степени.

Leave a Reply