Денеска пороен дожд и невреме

Сподели со своите пријатели

Под влијание на циклонска активност над Апенинскиот Полуостров која се приближува кон нашето подрачје, во наредните денови ќе се задржи нестабилно време со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Денеска и утре на повеќе места врнежите ќе имаат пороен карактер во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време во претпладневните часови. Попладне облачноста ќе се зголемува и ќе донесе нестабилност со врнежи и грмежи.

Ќе дува слаб ветер од западен, односно југозападен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 27 степени целизусови.

Никола Ивановски

Leave a Reply