Денеска и утре повеќе локации во кумановско без струја

Сподели со своите пријатели

Без електрична енергија во текот на денешниот ден во период од 08:30 часот до 15:00 часот ќе бидат селата Љубодраг и Бабин Дол, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Меѓутоа, утре (петок) прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има на повеќе делови од градот.

Во  периодот  од 09,00 – 19,00 часот без  електрична  енергија ке  бидат  регион кои  гравитираат кон Младо Нагоричане, Старо Нагоричане и  околните  села од регионот кон  т.н. Светиниколски  пат.

Во  периодот  од 08,30-15,00 часот ќе  бидат во  прекин улиците „Борис Кидрич“, „Киро Фетак“, „Димитрие Туцовиќ“, „Љубе Гочев“, „Пробиштип“ и  дел  од  потрошувачите на  улицата „Карл Маркс“.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија.