Денеска до 33 степени, од четврток врнежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен  ветер од североисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а дневната од 26 до 33 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со мала облачност и максимална дневна температура до 30 степени целзиусови.

Утре ќе има појава на умерена облачост, а во четврток попладне и во петок ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во опаѓање, велат од УХМР.

Никола Ивановски

Leave a Reply