ДЕМНЕ ОПАСНОСТ: Преминот на пругата во село Лопате е небезбеден!

Сподели со своите пријатели

Преминот на железничката пруга кај кумановското село Лопате е небезбеден и постои голема веројатност од несакани последици, стои во извештајот на Регионалниот центар за управување со кризи од утринава, во делот за информациите од железничкиот сообраќај.

Loading...

– Имаме сознание и информации дека преминот на железничката пруга во село Лопате, Општина Куманово, на потегот Куманово -Скопје НЕ Е ОБЕЗБЕДЕН со средства за запирање на патниот сообраќај за патниците кои патуваат со моторни возила на релацијата село Лопате кон Куманово и обратно, стои во дневниот билтен.

Како што е посочено возовите минуваат по пругата, но рампата и другите средства за светлосна сигнализација не работат.

– Имено возовите минуваат но РАМПАТА И ДРУГИ СРЕДСТВА за светлосна сигнализација НЕ ФУНКЦИОПНИРААТ. Постои голема веројатност од несакани последици, стои во соопштението.

Никола Ивановски