Децата без родители од Куманово добија новогодишни пакетчиња од општината (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Децата без родители и родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства, како и деца под старателство на своите блиски роднини денеска добија на подарок новогодишни пакетчиња од страна на Општина Куманово.

Loading...

Подароците на дваесетина дечиња денеска им ги врачија Дедо Мраз и првиот човек на градот, Максим Димитриевски со желби за успешна 2019. година, а на нивните старатели им се заблагодари за грижата која има ја пружаат.

– Навистина има позитивни примери во она што вие го работите, голем број на граѓани треба да се угледаат на вас. Ние како општина стоиме на располагање не само за Нова година, туку сакам и посакувам да дојдете да не посетите и во другите периоди од годината, бидејќи општината треба да ја чувствувате и вие, а и вашите дечиња како своја. Вратата е отворена за сите, без разлика што средствата со кои што располагаме ни се скромни, сепак имаме можности на еден, друг или трет начин да помогнеме. Нека оваа година биде успешна, да има што помалку потреба да се интервенира во делот на социјалната заштита и да се подигнат стандардите на животот, рече Димитриевски.

Како што порача градоначалникот живееме во турбулентно време, но сепак изрази надеж дека годините кои следуваат ќе донесат просперитет и поубава иднина за децата.

Loading...

– Се надеваме дека во следниот период ќе следува просперитет и поубава иднина, барем овие деца кои се тука со нас, да израснат во едни здрави и правилно оформени личности, секоја посебно за себе и еден ден да не среќаваат на улица, да не поздрават и секако да бидат благодарни на сето она што вие го правите и ќе го направите во нивниот живот за да се искачат до таа цел, бидејќи можеби токму меѓу нив тука седи некој од идните градоначалници или градоначалнички. Мојата порака до вас дечињата е да учите, да се образувате, да ги слушате вашите родители, оние кои решиле во животот да ви бидат родители и да поставите цели во животот за да можете да ги остварите, додаде Димитриевски.

Претходно пакетчиња добија сите социјално ранливи категории во градот, како и дечињата на Детското одделение во кумановската болница.

Leave a Reply