Давидовиќ: Со сериозност да се разгледаат барањата на угостителските работници (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска преку прес конференција реагираше, на како што велат, последиците од катастрофално лошата економска состојба во која се наоѓа државата. Во име на општинскиот огранок на партијата, портпаролот Милан Давидовиќ побара со сериозност да се разгледаат барањата на угостителските работници.

Loading...

Повикувајќи се на податоци од Државниот завод за статистика, портпаролот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Милан Давидовиќ , вели дека БДП во вториот квартал има пад од 12,7 отсто, а странски инвестиции од 137 милиони евра, без притоа да се отвори ниту една нова фабрика во зоните во изминатите неколку години.

– Македонија во континуитет ја губи битката за привлекување на странски инвестиции, а економските политики на Владата одат во прилог само на соседните држави. Имаме драматично намалување на извозот, каде во месец април има пад од 60%. Имаме катастрофално низок раст на македонската економија од само 0,2 % , додека паралелно Србија има со раст од  5%, Бугарија од 1,2% . Поразителна е ситуацијата во реалниот сектор, каде над 15 000 луѓе во последните три месеци го имаат изгубено своето работно место, изјави Давидовиќ.

Според него, ниту Куманово не е исклучок и силно ги чувствува катастрофалните економски последици.

– Голем број наши сограѓани го изгубија своето работно место, додека власта политички танцува со Корона кризата. Голем број кумановски компании се доведени до работ на егзистенција и со чувство дека се оставени сами. Неопходно е Владата сериозно да пристапи и кон решавањето на Корона кризата, и кон решавањето на економската криза, и да преземе сериозни мерки кои ќе го помогнат стопанството, рече Давидовиќ.

Тие предлагаат со сериозност да се разгледаат барањата на угостителските работници, за да колку толку се санираат економските штети кои претходно ги претрпеа поради строгите рестрикциии.

– Тие се сериозен сектор кој вработува голем број на луѓе. Истовремено, предлагаме да се разгледа можноста да се дозволи почеток со работа на сите дејности кои се уште се под забрана, нормално согласно прецизни утврдени здравствени протоколи. Оваа лоша состојба во економијата, налага неопходно  пакетите за поддршка на стопанството да важат и за месец јули и август, додаде Давидовиќ.

Според него, крајно време е за вистинска поддршка на стопанството, а не за голо политиканство.

Loading...

https://www.facebook.com/1442154236039322/posts/2595588620695872/

Никола Ивановски

Leave a Reply