Данска: Истекувањето на Северен тек предизвикано од силни експлозии

Сподели со своите пријатели

Прелиминарната истрага за оштетување на двата гасоводи „Северен тек“ во данскиот дел на Балтичкото Море покажува дека истекувањето било предизвикано од „силни експлозии“, се вели во соопштението на полицијата во Копенхаген во вторникот.

Loading...

Понатамошна истрага за пукнатините на гасоводите Северен тек 1 и 2 на 26 септември во данската ексклузивна економска зона ќе ја спроведат заедно полицијата во Копенхаген и Данската служба за безбедност и разузнавање.

„Сѐ уште е рано да се зборува за рамката во која ќе се одвива меѓународната соработка со на пр. Шведска и Германија затоа што зависи од неколку актери“, соопшти полицијата од Копенхаген.

На крајот на септември, цевководи беа оштетени во експлозии на четири места, две во шведските води и две во данските води.

Се верува дека станува збор за саботажа и е отворена истрага.

Инцидентот се случи во време на високи тензии меѓу Европа и Русија поради војната во Украина.

Данските власти претходно овој месец објавија дека гас повеќе не тече од делови од гасоводот во нивната економска зона.

Русија ги отфрла обвинувањата дека е одговорна за оштетувањето на гасоводот и бара да биде вклучена во истрагата.

Loading...