Дали знаете што значи женскиот знак на тоалетот? Не е фустан, како што повеќето мислат!

Сподели со своите пријатели

Машкиот знак има панталони, женскиот е во фустан – барем така мислеле сите  до неодамна, сè додека Аксософт од Аризона не создал кампања за изедначување на мажите и жените во одредени вообичаени машки занимања, па откриле дека тоа никогаш навистина не функционирало.

Loading...

За фустан на знак за женски тоалет, пишува The Mirror. Тања Катан од Аксософт тврди дека триаголникот никогаш не требало да биде фустан, туку наметка, па велат дека жените можат да бидат суперхерои.

 

 

– Во науката, технологијата, уметноста, математиката, политиката, на улиците и во нашите домови жените често се невидливи, непоканети или едноставно заобиколени. Девојките и жените заинтересирани за наука, технологија, механика и математика се малцинство, соопшти компанијата.

Кампањата „Никогаш не беше фустан” има за цел да поттикне разговори за прифаќање на жените во која било професија. Не станува збор само за еднаквост на жените, туку и за пополнување на големиот недостиг од работни места во многу занимања.