Дали е тоа егзема или псоријаза? Како да ги разликувате овие две работи?

Сподели со своите пријатели

И покрај тоа што одредени нешта на кожата може да се дијагностицираат дома, некои се малку посложени. Егзема и псоријаза се прилично чести на кожата, но многу е тешко да се разликуваат.

Loading...

Егзема, инаку позната како атопичен дерматитис, е чешање и воспаление на кожата и обично се јавува кај деца и може да продолжи и во зрелоста, додека псоријазата е хронична состојба која предизвикува акумулација на лушпести, суви дамки на кожата. Иако изгледаат слично, тие се две многу различни состојби и затоа треба соодветно да се третираат.

Која е разликата?

„Егземата е општа воспалителна состојба на кожата, а псоријазата е специфична автоимуна состојба на кожата“, вели докторот Елрој Војдани за Попсугар.

 

 

Главната разлика помеѓу овие две состојби е причината

Loading...

„Се смета дека псоријазата е предизвикана од нарушување на имунолошкиот систем“, вели дерматологот др. Давал Банусали. “Тогаш имунолошкиот систем го напаѓа телото мислејќи дека е вирус или бактерија. Од друга страна, егземата може да биде предизвикана од повеќе причини, вклучувајќи генетски мутации и фактори на животната средина”, објаснува тој.

Како можеме да направиме разлика помеѓу егзема и псоријаза?

„Псоријазата се наоѓа на надворешниот дел на зглобовите, на лактот или горниот дел на коленото, потоа се претвора во дебел лушпест слој кој понекогаш чеша”, вели др. Војдани.

Од друга страна, егземата обично се јавува во наборите на зглобовите, како што се колената, во наборите на вратот, во пазувите и на очните капаци и обично наликува на розова дамка.

 

 

Што го стимулира развојот на егзема или псоријаза?
“Поттикнувачите за егзема и псоријаза се речиси идентични. Генетиката, храната, лековите и нивото на стрес може да предизвикаат заболувања на кожата, но тоа варира од личност до личност”.

Loading...

Како се третираат?

Бидејќи егземата е воспалителна состојба, полесно е да се третира од псоријаза, бидејќи тоа е автоимуна состојба и не може да се држи под контрола.

„Двата состојби можат локално да се третираат со кортикостероиди. Ако се појават системски симптоми, што е почеста кај псоријазата, може да се додадат биолошки лекови”, вели др. Банусали.

 

 

Постојат дополнителни начини за лекување на псоријаза и егзема. Тие вклучуваат избегнување на познатите предизвикувачи на овие состојби, редовна хидратација на кожата, користење на овлажнител и избегнување на туширање или капење во топла вода. Многу луѓе исто така постигнуваат успех со користење на производи без мирис, формулирани со состојки како керамид.

Leave a Reply