Триесет и шестгодишен кумановец бил прведен вчеравечер по пријава дека физички ја нападнал неговата вонбрачна сопруга.
– На 11.05.2026 во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Д.(36) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 34 – годишна вонбрачна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

