Триесет и петгодишен кумановец вчера бил пронајден починат во својот дом.
– На 11.05.2026 во 17:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека во својот дом на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово бил пронајден починат П.С.(35) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
– По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, додаваат од полицијата.
Никола Ивановски

