Кумановец фалсификувал диплома од средно училиште за да се вработи

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишен кумановец ќе одговара кривично под сомнение дека направил лажна диплома од средно образование.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Д.(39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, како што додаваат од полицијата, изготвил фалсификувана диплома, во која внел неточни податоци дека има завршено четиригодишно средно образование, и во повеќе наврати во период од 2020 до 2026, при засновање на работни односи во повеќе правни субјекти, ја употребил како вистинска.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  35-годишен кумановец пронајден починат