Дали е ова најзгодниот комуналец во светот? Жените се воодушевени! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Талес Марсело Алвеш, работник на градското комунално претпријатие од Бразил, е апсолутна сензација на интернет поради уникатниот начин на кој ја врши својата работа.

Loading...

Овој згоден Бразилец е хит на социјалните мрежи не само затоа што ја работи својата работа со насмевка на лицето, туку и затоа што пее, танцува, глуми суперхерој и ги покажува своите издлабени мускули.

Талес Марсело Алвеш има 31 година и работи во градската чистота веќе 13 години.

Неговите сограѓани признаваат дека понекогаш излегуваат на улица само за да го видат како пее и игра, а жените особено се воодушевени од него.

Зошто стана вистинска ѕвезда на улицата докажува видеото кое кружи на социјалните мрежи.