ДАЛИ Е ОВА ГРОБОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ? Никој не знае кому припаѓа величенствениот саркофаг (фото)

Сподели со своите пријатели

Во арехолошкиот музеј во Истанбул, во внимателно осветлена просторија која се наоѓа недалеку од главниот влез во централното здание на оваа институција се наоѓа објект кој Турците го држат за гробница на Александар Македонски, најуспешниот и најславниот од сите освојувачи во историјата.

Александар починал во Вавилот 323 година пред новата ера, но точната причина за неговата смрт никогаш не била утврдена. Имал само 33 години, така да не починал од природна смрт.

Плутарх и Диодор од Сицилија носат два различни, но во добра мерка слични извештаи, се се врти околу некоја забава и алкохол. Плутарх пренесува дека 14 дена пред смртта пиел и дење и ноќе по што добил грозница, додека Диодор вели дека 11 дена претходно испил голема чинија неразредено вино по што започнал да чувствува голема слабост, но дека немал температура. Дали од вино или нешто што било во виното, сепак тој починал.

Смртта го стигнала по само 13 години на престолот на Македонското кралство и само десет години откако го започнал освојувачкиот поход без преседан во историјата на човештвото.

Телото на Александар било положено во златен антропоиден саркофаг кој потоа бил исполнет со мед и ставен во златен ковчег. Пророк проколнал дека земјата во која Александар ќе почива засекогаш ќе биде среќна и неуништива. Тоа, како и фактот дека погребот на претходнито владетел биле кралски прерогатив, секој од неговите генерали и потенцијални наследници го сакале телото за себе.

 

Loading...

 

Додека телото патувало кон Македонија неговиот генерал Птоломеј и Сотер еден од оние кои по смртта ја поделиле империјата – го граблае и донеле во Египет, првин во Мемфис, па потоа во Александрија, каде и останал до доцноантичкото време. Познато е дека Помпеј, Цезар, Август и Калигула ја посетиле неговата гробница на преминот од страта во новата ера. Септимије Север во 200 година го затворил мавзолејот за јавноста. Каде е телото сега и каде е саркофагот во кој се наоѓало никој не знае.

Затоа откритието на овој саркофат се чува во Истанбул и е многу значајно. ГО откриле двајца отомански археолози (еден грчки, а другиот со еврејско потекло- кон крајот на 19 век во близина на Сидон во денешен Либан, Поголемиот дел од експертите сметале дека припаѓал на Абдалоним кој самиот Александар го поставил за крал на Сидон, но тоа денес е отфрлено затоа што е изработен пред неговата смрт која дошла во 311 година.

Зошто Турците го третираат како изгубен саркофаг на Александар? Па, затоа што тоа е туристички магнет, но и поради тоа што на него е прикажано.

Имено, на една од двете долги страни се наоѓа релјеф со приказ кој зигледа како битката кај Ис во која во 333 година Александар ги совладал војниците на персискиот цар Дариј Трети. Овој релјеф по конструкција е сличен со оној на чувениот мозаик пронајден во Помпеја.

 

 

На спротивната страна е релјеф со Александар и неговите Македонци во лов, а во кој учествуваат и Персијци (а, се верува дека е прикажан и Абдалоним). На пократките страни е човек кој лови пантери (можно повторно да е Абдалоним), а на другата страна можеби Битката кај Газа која се водела во 312 година помеѓу Птоломеј и Деметри Полиоркет, скоро деценија по смртта на Александар. Меѓутоа не е сигурно.

Со други зборови, дали е ова саркофагот на Александар или не, е отворено прашање, а она што во него се наоѓа може да оди и во сосема спротивна насока. Објективно, ова најверојатно не е саркофагот на Александар Македонски. Но, на страна од димензиите на овој саркофаг, неговите уметнички димензии исто така се од големо значење, затоа што е во прашање вистинско ремек дело.

А, она што за љубителите на антиката посебно радува се обемните остатоци боја кои се сочувани на мермерот, бидејќи непобитно докажуваат дека нашата стара претстава за грчко-римската цивилизација како свет со чист и блед мермер е целосна погрешна. Сите статуи кои и денес ги знаеме всушност некогаш биле бојадисани за да го слават животот.