Дал илјадници евра за парче торта од венчавката на Дајана и Чарлс: Вака изгледа тортата по 40 години (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Еден од обожавателите на англиското кралско семејство купи парче свадбена торта од венчавката на принцот Чарлс и принцезата Дијана на аукција за 2.565 долари, повеќе од 40 години по тој настан.

Loading...

Големо парче торта со подлога за марципан го покажува кралскиот грб во златна, црвена, сина и сребрена боја, пренесува АП.

Ова парче торта го служела на венчавката Моја Смит, која работела за кралското семејство. Таа ја заштитила тортата со специјална тенка обвивка.

Парчето торта го купил Џери Лејтон, кој се опишал себеси како монархист. Тој рекол дека ќе ја додаде тортата во неговата колекција, која, како што изјави, ќе биде продадена во добротворни цели по неговата смрт.