Да се прогласи кризна состојба во Куманово и денеска бара ОШЗС

Сподели со своите пријатели

Општинскиот штаб за заштита и спасување и денеска упатува барање до Владата да се прогласи кризна состојба на територијата на Куманово.

Loading...

– Бараме од Влада на Република Северна Македонија да прогласи кризна состојба во Општина Кумановои да воведе посебен контролен режим на сите влезови и излези во градот со контролни пунктови, со цел да се примени Акцискиот план на Центарот за управување со кризи и спречување на несакано ширење на епидемија вон и кон градот, информираат од Општина Куманово.

Согласно член 19 став 1 подстав 2 од Закон за домување („Службен Весник на Република Македонија“ бр.99/09, 57/10, 36/11, 54/11, 13/12, 55/13, 163/13, 42/14, 199/14, 146/15, 31/16 и 64/18), каде е наведено дека управителот има право и обврска да се грижи за редовно одржување и функционирање на заедничките делови, од Општински штаб за заштита и спасување бараме во целост да се испочитуваат законските регулативи, особено вршење на дезинфекција, од страна на управителите на станбените згради на територија на општината, велат од Општинскиот штаб.

Никола Ивановски

Leave a Reply