Цветната индустрија во Колумбија е во паника пред Денот на вљубените

Сподели со своите пријатели

Цветната индустрија во Колумбија се обидува да опстане со сè постара работна сила, бидејќи младите луѓе претпочитаат да избираат други работни места и постојано има недостиг од работници, особено за Денот на вљубените, велат извори од цветната индустрија.

Loading...

На одгледувачите на цвеќиња им требаат дополнителни 20.000 работници за време на периоди со голем метеж, како што е Денот на вљубените, изјави за Ројтерс Аугусто Солано, претседател на Здружението на одгледувачи на цвеќиња.

Денот на вљубените или Валентајн е најромантичниот ден во годината, кој заљубените парови го слават на 14 февруари. На тој ден побарувачката за цвеќе е огромна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Привлекувањето млади работници во индустријата за цвеќе е предизвик, изјавија шефовите и работниците за Ројтерс.

Во некои случаи, пензионираните берачи на цвеќе – како бабата Бланка Изабел Гутиерез – се повторно ангажирани како сезонски работници поради недостаток на персонал.

„Младите луѓе не сакаат да работат во производство на цвеќиња“, изјави таа за Ројтерс.