Цветковски: По празниците ќе се вратиме и ќе победуваме

Сподели со своите пријатели

„Ни претстои тешка сезона, по празниците ќе се вратиме и ќе победуваме“, вели Андреј Цветковски по денешниот тежок натпревар во БИБЛ лигата која Куманово го загуби на домашен терен од Ибар Рожаје.

Loading...

– Изигравме тежок натпревар каде што се водеше битка од првата минута до последната. Ние имавме водство на почетокот, на полувреме беше изедначено, почнавме второ од нула – нула, каде на крај немавме среќа реално. Имаше ситуации каде што ние погрешивме, каде што не размислувавме во тој момент како што тренираме, меѓутоа ни претстои тешка сезона. Мислам дека по овие неколку дена поради празниците ќе се вратиме и ќе победуваме во наредните натпревари, изјави Цветковски.

Долгата пауза поради ковид случаите, како што рече Цветковски, ја успори консолидацијата со новите играчи, но како што вели по празниците ќе одат на победи.

Никола Ивановски

Leave a Reply