Марковски брилираше, но Куманово загуби од Ибар Рожаје (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Со резултат 79:81 кошаркарите на Куманово го запишаа првиот пораз во 2021 година, на домашен терен од составот на Ибар Рожаје во рамките на БИБЛ лигата.

Loading...

 

 

 

Одличен напад и одбрана имаа избраниците на тренерот Владимир Мирковски.со 27:19 ја завршија првата четвртина и остварија солидно водство над гостинскиот состав.

 

Loading...

 

 

Но, предноста опадна во вторите десет минути на паркетот, кога Ибар беше подобар од Куманово за осум поени.

 

 

 

Сепак, тука ништо не беше загубено, затоа што на полувреме се замина со нерешен скор, односно резултат 42:42.

Loading...

 

 

 

Мака мачеа и гостите и домаќините во третата четвртина. Се играше кош за кош се до последните десет минути на паркетот.

 

 

Loading...

 

Многу слободни фрлања донесе последната четвртина, тактизираа и едните и другите, но последните секунди кои беа одлучувачки не ги искористи Дамјан Робев за победа на Куманово, кога го промаши шутот за три поени.

 

 

 

Loading...

Брилијантна игра прикажа Горјан Марковски кој реализираше скоро половина од сите поени на Куманово. Впиша вкупно 33 бода, а далеку зад него со 20 помалку е Американецот Рос. Останатите имаат едноцифрени поени и покрај шансата која ја добија сите на натпреварот.

 

 

 

Loading...

Во тимот на победникот со 15 поени најефикасен беше Амин Хот.

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

Текст/фото: Никола Ивановски

Leave a Reply