Црвениот крст ќе додели парична помош на семејствата на загинатите во Тетово

Сподели со своите пријатели

Црвениот крст на Република Северна Македонија уште еднаш длабоко сочувствува со семејствата на загинатите и повредените граѓани во трагичниот пожар во Ковид Центарот во Тетово кој се случи во вечерните часови на 08 Септември 2021 година.

Loading...

Во овие тешки моменти на загуба на најблиските, во знак на солидарност и хуман гест, на семејствата на загинатите граѓани Црвениот крст на Република Северна Македонија ќе им додели еднократна  парична помош во висина од 30.000,00 ден по семејство.