Црна Гора ја поздравува ратификацијата на договорот за демаркација

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ ја поздрави ратификацијата на Договорот за државната граница помеѓу Црна Гора и Косово, соопштуваат од тамошната Влада.

– Честитки за парламентарното мнозинство на Косово. Тоа е потврда на нашата способност важните регионални прашања да ги решаваме самите, а не да бараме посредување. Тоа е добра вест за нашите билатерални односи, за Косово и европската перспектива на регионот. косово со ова исполни важен услов за визна либерализација и се надеваме дека таа наскоро ќе стане реалност за добробит на граѓаните на Косово, како што тоа е за граѓаните на Црна Гора и земјите од регионот, рекол Марковиќ.

Марковиќ изразил задоволство што Владата на Црна Гора допринела за решавање на оваа прашање со традиционално добрата соработка помеѓу Црна Гора и Косово и духот на европските вредности и Стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан, како и добрососедската соработка која Црна Гора, како одговорен регионален актер и членка на НАТО, во континуитет ја спроведува.

Leave a Reply