ЧОВЕКОЈАДЦИТЕ ПОСТОЈАТ: Во овие држави живеат најстрашните канибали

Сподели со своите пријатели

Неодамна полицаецот Стефано Бризи ја шокирал јавноста кога рекол дека има страст за човеково месо. Човекојадецот ова недела бил пронајден мртвот во својата ќелија. Но, многу пострашно е тоа што тој не е единствениот современ канибал.

Во светот ги има многу, а еве во кои држави канибализмот се задржал.

Северна Кореја

Бриталниот режим на Ким Џонг Ун кој довел до глад и суша, ги приморал жителите да преземат очајнички мерки. Додека големиот владетел ужива во луксузната храна и пиење, неговиот народ убива и ги јаде сопствените деца, пренесува „Дејли стар“.

Еден татко бил погубен во 2013 година, откако наводно ја убил својата ќерка поради храна, па го убил и синот кој бил сведок на првото убиство.

Нигерија

Еден ресторан бил затворен од полицијата кога било откриено дека на менито се наоѓа пржена човечка глава. Откако биле откриени човекови черепи спакувани во целофан, биле приведени 11 лица. Еден свештеник наводно изјавил дека не знаел дека месото кое го јадел по така скапа цека било човечко.

Бразил

Бразилскиот „Свини Тод“ е осуден на 23 години затвор откако било откриено дека женските жртви ги користел за да направи пита од месо.

Сатанистичкиот убиец Хорхе Белтрао Хегромонте убил млада мајка пред својата ќерка, а тогаш со нејзиното месо го нахранил детето, а своите пецива ги продавал и на соседите. Откако бил приведен рекол дека човековото месо не се разликува од говедското.

 

Loading...

Флорида

Полицијата го привела Остин Хароуф (19) проади канибализам. Го пронашле додека јадел месо од својата жртва ЦОн Стивенст во ноември минатата година. Бидејќи не сакал да престане да ја гризе својата жртва, полицијата морала да употреби електричен пиштол, но помогнало само кога го нападнало полициското куче.

Папуа Нова Гвинеја

Канибализмот тука бил пријавен во 2012 година. Дури 30 човекојадци биле обвинети дека убиле седум лекари вештерки. Сите биле членови на култ. Наводно јаделе мозоци од своите жрви како и нивните полови органи за да добија натприродни моќи и бидат отпорни на куршуми.

Француска Полинезија

Еден германски турист исчезнал на одалечен остров Нуку Хива, па се верува дека го изеле канибали. Полицијата кренала потрага кога пронашла човекови остатоци и облека во близина на логорски оган. Туристичкиот водич Архано Хаити е прогласен за виновен за неговото убиство и во 2014 година осуден на 28 години затвор.

Демократска Република Конго

Силувачите каменувале човек до смрт, а потоа го јаделе. Верувале дека е дел од исламистичка бунтовничка група која оперирала низ Конго. Во текот на 2003 година ОН дошле до сознание дека канибалите во Конго колеле пигмеи и се хранеле со нивните полови органи.

Уганда

Четворица мажи биле фатени на дело додека готват човекова глава во мало село минатиот ноември. Доминик Онгвен, поранешен командант на озогласената восјка на отпорот, моментално е на судење во Хаг, затоа то наредил на своите луѓе да убиваат, готват и јадат цивили.

Колчестер, Англија

Панк рокерот Дејв Плејпентс стигнал на насловната страница кога признал дека готвел и јадел прст кој го изгубил во сообраќјка на мотор.

Секогаш се прашував каков е вкусот на човековото месо, но таа тема отсекогаш била табу. Се сетив дека никој не би можел да ме обвини и изведе пред суд ако го јадам своето месо – рекол тој.

Повеќе фотографии за оваа тема можете да видите ТУКА.